По донесувањето на Деталниот Урбанистички план минатата година, урбанизацијата на еден од најатрактивните делови во Виница, индустриската зона ИЛА е во полн ек. По неопходното тампонирање, денес се асфалтира улицата која е во должина од 380 метри.
“Денес го асфалтираме патот во м.в. Ила во должина од 380 метри, улицата е со тротоари и соодветно тампонирање, како и улично осветлување. Практично, со изградбата на оваа улица овде, стартува и изградбата на првата социјална зграда во Виница, чии камен темелник ќе го официјализираме за неколку дена.“, изјави градоначалникот Ивица Димитров.
Инаку, во новата индустриска зона, покрај социјална зграда и куќи за домување , предвидена е и изградба на лесна и незагадувачкла индустрија.
Според најавите, после Илата, асфалтирањето треба да продолжи на регионалниот пат Виница-Градец во должина од 3 км, како и проширување на истиот .
Општина Виница
