Општина Виница презема превентивни мерки за заштита од коронавирусот

Општина Виница ги следи и применува препораките од Владата за превенција и заштита од Корона Вирусот. Како локална институција веќе презеде мерки за дезинфекција на општинската зграда, училиштата и градинките во општината, а во тек е дезинфекција и на јавните институции во општината. Набавени се соодветни дезнфекциони средства за вработените во општината, а од денес целосно е забранет влезот на странки, кои за неопходни и итни работи можат да контактираат на официјалната меил адреса ovinica@t.mk и на општинскиот фиксен телефон 033/363-294, како и на мобилниот 078/496-630.

По завршувањето на состанокот Димитров на прес ги соопшти мерките кои ќе ги презема општината заедно со сите надлежни институции.
– “На моја иницијатива денес во претпладневните часови заседаваше кризниот штаб со претставници од сите надлежни институции, кои ги изнесоа своите досегашни согледувања околу развојот на ситуацијата со корона вирусот во локални рамки, и врз основа на изнесеното беа утврдени неколку заклучоци:
– Веднаш , значи уште денес да се формираат мобилни тимови од општината со волонтери кои ќе бидат на располагање на старите и изнемоштени лица, како и на лицата од социјален ризик за набавка на лекови, потреба од укажување на прва помош, како и за набавка на намирници;
– Да се формира стручно кризна група со по еден претставник од најповиканите институции во локални рамки која ќе биде достапна 24 часа и која ќе има обврска да ги споделува сите тековни и актуелни информации за корона вирусот до нашето население;
– ЈКП “Солидарност“ денес во вечерните часови ќе изврши дезинфекција на најфреквентните улици и контењерите во градот;
– Сите институции(Полиција, Здравство, Противпожарна служба, ЦУК) веднаш да ги активираат своите планови за спасување со анализа на расположивата опрема и ресурси во случај на вонредна ситуација;
– Да има поголема координација на полицијата со сите директно инволвирани служби за влез на странски државјани на територијата на нашата општина Виница;
– Да се испечати и дистрибуира пропаганден материјал до населението за превентива од корона вирусот;
Општа констатација беше дека досега епидемиолошката служба нема информации за заразени лица од Виница, има неколку лица кои по претходно тестирање се во домашна изолација, а кои биле негативни на тестовите за корона Вирусот;
Јас како градоначалник морам да констатирам и да изразам Благодарност за разбирањето до сите угостители, сопственици на кафичи, ресторани, обложувалници, за високата свест во Превенцијата од Корона Вирусот, а воедно сите заедно да дадеме подршка на медицинскиот персонал и полицијата кои во овој момент работат со полн капацитет;
Уште еднаш ги замолувам граѓаните своето излегување од дома да го сведат на минимум, да не креват паника, и ако ги следиме препораките на Владата како и досега, убеден сум дека нема да дозволиме работите да ни излезат од контрола!!!

ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ОДГОВОРНОСТ НА СИТЕ НАС И ЗАВИСИ ОД НАШАТА ЛИЧНА ОДГОВОРНОСТ!!!! “

Општина Виница

Сподели: