Локалната самоуправа на Зрновци ги започна активностите за креирање и планирање на буџетот на општината за 2022 година.
За таа цел објавен е јавен повик преку кој жителите на Зрновци со свои предлози и идеи ќе може да учествуваат во креирањето на предлог-буџетот за наредната година.
На јавниот повик кој ќе трае до 10 декември, од Општина Зрновци ги повикуваат сите заинтересирани страни кои сакаат да учествуваат во процесот на креирање на буџетот на општината за 2022 година да достават свои предлози и идеи во просториите на локалната самоуправа на Зрновци.
– Учеството на граѓаните во буџетскиот процес е најважен дел во креирањето на буџетот на општината. Без отворена власт нема демократско опшество. Буџетот не претставува само начин на трошење на финансии туку е и план со кој се утврдуваат приоритетите на општината, а со тоа и приоритетите на сите граѓани на општина Зрновци, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Општина Зрновци.
Во рамки на креирањето на предлог-буџетот, претставници на општинската администрација ќе одржат состаноци со месните заедници во општината за поголемо јавно учество во процесот на креирање на буџетот за наредната година.