Општина Зрновци додели 15 стипендии на ученици и студенти од општината

Општина Зрновци додели 15 стипендии на студенти и ученици во средно и основно образование пријавени на јавниот повик за доделување на стипендии што го распиша локалната самоуправа на Зрновци.

Градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев ги потпиша одлуките за доделување на стипендиите при што ја истакна поддршката на локалната самоуправа за младите жители на Зрновци и во иднина.

За студентите стипендијата изнесува 1500 денари, додека за учениците по 1000 денари за деветмесечен период. Вкупно од Буџетот на Општината за оваа намена ќе се потрошат 150 илјади денари.

 „Утрово ги потпишав Одлуките за доделување на вкупно 15 стипендии на студенти, ученици во средно и основно образование од Општина Зрновци од кои 3 за студенти, и 5 ученици деца на невработени родители, 7 ученици деца на самохрани родители.

На распишаниот Конкурс од 03.01.2022 година, кој траеше 15 дена, заклучно до 18.01.2022 година се пријавија вкупно 16 подносители, од кои Комисијата за поднесените пријави изготви ранг листа и извештај за вкупно 15 подносители кои ги исполнуваат критериумите за добивање на стипендија согласно Правилникот за стипендирање на студенти, ученици во основно и средно училиштена деца на невработени родители и самохрани родители .

Наша должност е во рамките на буџетските можности на Општината да создаваме еднакви можности за образование на учениците од ранливи категории семејства“, истакна градоналачникот Коцев.

Сподели: