Денеска градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев потпиша одлука за доделување на вкупно дваесет и две стипендии од кои 5 студенти и 17 ученици деца на невработени и самохрани родители, за новозапишани студенти на Државните универзитети на Република Македонија, за учебната 2023/2024 година, за таа цел Општината од сопствен буџет издвои околу 340 000 денари.
– Општина Зрновци секогаш вложувала и ќе вложува во образованието и во младите таленти, со цел да останат мотивирани во процесот на учење и стекнување нови знаења изјави за Радио Кочани градоначалникот на Општина Зрновци Борчо Коцев.