Општина Зрновци започнува модернизација на јавното осветлување – ќе се постават енергетски ЛЕД рефлектори

Општина Зрновци на почетокот на 2025 година започнува со реализација на проект “Модернизација, реконструкција, одржување и развој на јавното осветлување во општина Зрновци.

Имено се работи за инсталација на смарт систем на територијата на цела општина кој ќе има за цел паметно и штедливо управување со електричната енергија за јавното осветлување.
Со ова заминуваат во историјата постојаните проблеми со старата улична мрежа, замена на постоечките сијалици со високо енергетски, ефикасни ЛЕД рефлектори.

Клучни цели на проектот се :

– Оптимизација на системот на јавното осветлување и ефикасно управување
-Реконструкција и модернизација на јавното осветлување
-Намалување на трошоците за работа / заштеда на електричната енергија
-Зголемување на атрактивноста на општината

– Ефектите од реализација на проект од ваков размер се долгорочни и многубројни. Се очекува целосна промена на изгледот на општина Зрновци, зголемена атрактивност, намалување на идните оперативни трошоци, поефикасно управување со јавното осветлување, зголемена безбедност во сообраќајот во текот на ноќите, зголемена сигурност кај населението како и долгорочна заштита на животната средина, соопшти градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

Сподели: