Локалната самоуправа на Општина Зрновци започна иницијатива за изградба на акумулација на Зрновска река за што веќе е поднеснео барање до Владата на Р. Макеоднија.
Преку писмен допис е информирано дека Владата, целокупниот предмет ќе го проследи до надлежните министерства по што се очекува по нивно произнесување да се дадат понатамошни насоки на локалната самоуправа.

– Конечно по многу децении само зборови и желба за изградба на Акомулација на река Зрновка, инициравме постапка, а истата од страна на Владата е проследена на понатамошно постапување од страна на МЗШВ и Мин. за транспорт и врски со насока да не известуваат за превземање на активностите. Ваква градба од државно значање за подрачја и градби претставува од витално државно значање како и бенефит на пет соседни општини и економска преродба за општина Зрновци од аспект на развојот на туризмот, спортот, водоснабдување, наводнување на земјоделски површини во атарот на пет општини лако и за инсталирање на хидро електрана.
За реализација на инвестицијата неопходно е изработка на урбанистички план за подрачјето и градба од државно значење како и физибилити студија со проектна документација.
Општина Зрновци се обрзвува се обврзува за изработка на потребната документација и проследување до надлежните министерства.