Општина Зрновци во соработка со Општинската организација на Црвен крст – Кочани и поддршка на Локалниот младински совет, в сабота, 9 април организираат крводарителска акција наменета за граѓанството.
Акцијата е плод на успешната соработка помеѓу локалната самоуправа на Зрновци и Црвениот крст и се планира во текот на годината да се реализираат уште две крводарителски акции.
– Да покажеме дека хуманоста, најголемата човечка доблест ни е заедничка особина на сите. Ве повикувам граѓани на општина Зрновци да се вклучите во краводарителската акција што ја организира Општина Зрновци и младите од Општина Зрновци, ЛМС-Зрновци во соработка со Црвен крст-Кочани по повод Светски ден на здравјето 7-ми Април, а истата ќе се одржи во сабота, 09-ти aприл – истакна гадоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.
Акцијата ќе се спроведе во општинската сала во периодот од 10 до 13 ч.