Локалната самоуправа на Општина Зрновци обезбеди 9,5 милиони денари преку Источниот плански регион, средства за бетонирање на помошни канали за наводнување на земјоделски површини и каскади.
Станува збор за бетонирање на Виничка вада во должина од 1370 метри, Морошка вада во должина од 850 метри и каскади на река Зрновка за регулација на води за наводнување на земјоделски површини.
– Како дел од програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година, Општина Зрновци ќе започне со реализација на проект ” Подобрување на состојбата со каналите за наводнување и одводнување со изградба на каскади на река Зрновка”.Со реализација на овој проект значително ќе се олесни работата на земјоделците со поефикасно обезбедување на динамика и количина на вода за наводнување, воедно ќе се заштитат асвалтираните патни правци покрај каналите, кои се на постојан удар од надојдените излеани води – истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.