КОНКУРС
За доделување на стипендии на новозапишани студенти од општина Зрновци и студенти кои веке студираат на јавните високообразовни институции во Република северна Македонија и стипендии за ученици на самохрани родители и ученици на невработени родители од основно и средно образование од општина Зрновци
Согласно Правилникот за стипендирање на новозапишани студенти од Општина Зрновци на универзитетите во Република Македонија.и стипендии за ученици на самохрани родители и ученици на невработени родители од основно и средно образование од општина Зрновци, Градоначалникот на Општина Зрновци распишува Конкурс за прибирање пријави за доделување на стипендии на новозапишани студенти од општина Зрновци и стипендии за ученици на самохрани родители и ученици на невработени родители од основно и средно образование од општина Зрновци .
Право на стипендија имаат студентите и учениците кои се:
- Жители на општината Зрновци со населените места кои припаѓаат на општината Зрновци );
- Државјани на Република Македонија;
- Новозапишани редовни студенти, студенти кои веке студираат на јавните високообразовни институции во Република северна Македонија ,ученици на самохрани родители и ученици на невработени родители од основно и средно образование од општина Зрновци .
- Не се корисници на стипендија или кредит од други институции или компании;
За доделување на стипендија за новозапишани студенти и студенти кои веке студираат на јавните високообразовни институции во Република северна Македонијасе утврдуваат следните критериуми:
- Остварен успех во текот на средното образование 4 и 5 (четири и пет),
По овој основ може да се добијат најмногу 40 бода.
- Дефицитарност на кадрите што за секоја студиска година ја утврдува со посебна Одлука Градоначалникот на општина .
По овој основ може да се добијат најмногу 30бода
- Материјалните можности на студентот и неговото семејство за кој се земаат месечните примања по член на семејството на студентот во однос на просечно исплатената плата по вработен во РМ за последните 3 (три )месеци.
По овој основ може да се добијат најмногу 30 бода.
За доделување на стипендии за ученици се утврдува следниот критериум
1.Дете на само хран родител.
2ученици на невработени родители од основно и средно образование од општина Зрновци
По овој основ може да се добијат најмногу 100 бода.
Кон Пријава се приложуваат следните документи:
- Потврда за редовно запишан зимски семестар за прва годин за студентота за ученикот потврда за редовен ученик
- Изјава за семејната состојба на студентот и ученикот заверена кај нотар
- Уверение за приходи од земјоделска или друга дејност на студентоти ученикот и на членовите на неговото семејство;
- Потврда за висината на платите на членовите на семејството на студентот
- За членовите на семејството на студентот пензионери-испратница од пензија за последниот месец;
- За невработените членови на семејството на студентот и ученикот Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени или примаат паричен надоместок;
- За студенти кои веке студираат на јавните високообразовни институции во Република Северна Македонија потврда за редовен студен со зашишан семестар и да не се корисници на стипендија или кредит од други институции или компании
7.Потврда за самохран родител на ученикот
Заинтересираните новозапишани студенти и ученици Пријавите по распишаниот конкурс ги доставуваат до Општина Зрновци на адреса ,, Општина Зрновци ул. Илинденска бб Зрновци .
Конкурсот трае 15 дена
Рокот за поднесување на пријавите е до18.01.2022година
Некомплетните пријави и пријавите кои ќе се достават после предвидениот рок нема да се разгледуваат.
Бр.09- 09/1
03.01. 2022 год.
ОПШТИНА ЗРНОВЦИ