Општина Зрновци објави конкурс за доделување на студентски и ученички стипендии

КОНКУРС

За доделување на стипендии на новозапишани студенти од општина Зрновци и студенти кои веке студираат на јавните високообразовни институции во Република северна Македонија и стипендии за ученици на самохрани родители и ученици на невработени родители од основно и средно образование од општина Зрновци   

Согласно Правилникот за стипендирање на новозапишани студенти од Општина Зрновци на универзитетите во Република Македонија.и стипендии за ученици на самохрани родители и ученици на невработени родители од основно и средно образование од општина Зрновци ,  Градоначалникот на Општина Зрновци распишува Конкурс за прибирање пријави за доделување на стипендии на новозапишани студенти од општина Зрновци и стипендии за ученици на самохрани родители и ученици на невработени родители од основно и средно образование од општина Зрновци   .

Право на стипендија имаат студентите  и учениците кои се:

  • Жители на општината Зрновци  со населените места кои припаѓаат на општината Зрновци );
  • Државјани на Република Македонија;
  • Новозапишани редовни студенти , студенти кои веке студираат на јавните високообразовни институции во Република северна Македонија , ученици на самохрани родители и ученици на невработени родители од основно и средно образование од општина Зрновци   .
  • Не се корисници на стипендија или кредит од други институции или компании;

За доделување на стипендија за новозапишани студенти и студенти кои веке студираат на јавните високообразовни институции во Република северна Македонија се утврдуваат следните критериуми:

  1. Остварен успех во текот на  средното образование 4 и 5 (четири и пет),  

                         По овој основ може да се добијат најмногу 40 бода.

  • Дефицитарност на кадрите што за секоја студиска година ја утврдува со посебна Одлука Градоначалникот на општина .

                         По овој основ може да се добијат најмногу 30 бода

  • Материјалните можности на студентот и неговото семејство за кој се земаат месечните примања  по член на семејството на студентот во однос на просечно исплатената плата по вработен во РСМ за последните 3 (три )месеци.

                         По овој основ може да се добијат најмногу 30 бода.

 За  доделување на стипендии за ученици  се утврдува следниот критериум

1.Дете на само хран родител.

2 ученици на невработени родители од основно и средно образование од општина Зрновци   

  По овој основ може да се добијат најмногу 100 бода.

Кон Пријава се приложуваат следните документи:

  1. Потврда за редовно запишан зимски семестар за прва годин за  студентот а за ученикот потврда за редовен ученик
  2. Изјава за семејната состојба на студентот и ученикот  заверена кај нотар
  3. Уверение за приходи од земјоделска или друга дејност на студентот и ученикот  и на членовите на неговото семејство;
  4. Потврда за висината на платите на членовите на семејството на студентот
  5. За членовите на семејството на студентот пензионери-испратница од пензија за последниот месец;
  6. За невработените членови на семејството на студентот и ученикот Потврда од Агенцијата  за вработување дека се невработени или примаат паричен надоместок;
  7. За  студенти кои веке студираат на јавните високообразовни институции во Република Северна Македонија потврда за редовен студен со зашишан семестар и да не се корисници на стипендија или кредит од други институции или компании

7.Потврда  за самохран родител на ученикот

Заинтересираните новозапишани студенти и ученици  Пријавите по  распишаниот конкурс ги доставуваат до Општина Зрновци на адреса ,, Општина Зрновци ул. Илинденска бб Зрновци .

Конкурсот трае 15 дена

Рокот за поднесување на пријавите е до 23.01.2023година

Некомплетните пријави и пријавите кои ќе се достават после предвидениот рок нема да се разгледуваат.

Бр.09- 09/1

03.01. 2023 год.

                                                                      ОПШТИНА ЗРНОВЦИ

                                                                          Градоначалник

                                                                            Борчо Коцев

Сподели: