Општина Зрновци објави јавен повик за доделување на стипендии за ученици и студенти

Локалната самоуправа на Општина Зрновци објави јавен повик за доделување на стипендии за ученици и студенти за учебната 2024/2025 година.

– Согласно донесениот Правилник за стипендии и награди за ученици и студенти за учебната 2024/2025 година од страна на Советот на општина Зрновци, денес го објавивме Јавниот повик за аплицирање за доделување на стипендии. Повикот трае 10 дена и истиот е објавен на веб страната на Локалната самоуправа на општина Зрновци. Покрај прогресивната политика на општина Зрновци за градење, развивање и економско јакнење, лично сметам дека во рамките на можностите Локалната самоуправа треба да даде максимална подршка со позитивна социјална политика за подршка на секој еден ученик и студент има еднакви можности во процесот на образование, соопшти градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

Рокот за пријавување е до 23.12.2024 година. Јавниот повик може да го преземете од веб-страницата на Општина Зрновци.

Сподели: