Општина Зрновци станува домаќин на 38-миот Мегународен Фолклорен Фестивал “Истибанско здравоживо-2023” во организација на Ф.А. “КИТКА”-ИСТИБАЊА

По поднесената иницијатива од страна на Директорот Стојко Митковски, денес го потпишавме Меморандумот за соработка помеѓу општина Зрновци и Ф.А. “Китка-Истибања” за соработка и реализирање на заеднички културни манифестации.

Ве покануваме сите љубители на Македонскиот фолклор и музика да присуствувате на ден 10.09 НЕДЕЛА со почеток од 15:00 часот и да го проследите свеченото Дефиле во централното јадро на Зрновци и Фолклорен фестивал на плоштад Свети Димитрија.
Продолжуваме посветено да ја негуваме културата, фолклорот и традицијата на Македонија и Македонскиот народ.

Сподели: