Општина Зрновци ќе инвестира во подобрување на водоснабдувањето во општината

Локалната самоуправа на Општина Зрновци ќе инвестира во подобрување на водоснабдувањето во општината и населените места преку техничко надоградување на фабриката за вода во Зрновци.

Ова го најави градоначалникот на Зрновци Борчо Коцев при денешната обиколка на фабриката за вода, заедно со директорот на КЈП „Водна Кула“ – Зрновци.

-Утрово со директорот на КЈП „Водна кула“  извршивме увид на работењето на фабриката за вода во Зрновци. Утврдивме низа потреби за технички надоградувања и тековни поправки на делови како и прочистување на доводот за фабриката со цел подобро функционирање на самата фабрика за поквалитетна вода за пиење. Веднаш ќе се превземат итни чекори со екипи на стручни лица од повеќе области и институции за оспособување на испусен вентил-чистење на доводниот тунел до „Водна кула“, лабараториско-техничка инсталација во самата фабрика и останато потребно техничко надградување, истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

Сподели: