Градоначалникот на Општина Кочани и државниот секретар на Германија, вчера одржаа состанок на кој се дискутираше за започнатите проекти од страна на Општината, а финансирани од страна на Фондот за мали работи.
Општина Кочани има склучено меморнадум за соработка со градот Кастрол – Рауксел кој се наоѓа во германската покраина Северна Рајна – Вестфалија.
Со истата цел, денеска во МКЦ Кочани се одржа презентација на започнатиот проект. Прокетот вклучува теми од областа на животната средина, екологијата и еко-туризамот, искористување на ресурсите на Кочанската Река, како и изнајдување нови содржини кои ќе бидат од едукативна корист во образованието.
Ова претставува појдовна основа за креирање на концепт за дефинирање и унапредување на системот за експлоатација на геотермалните ресурси во Општина Кочани.