Општина Кочани во втор обид да набави зимски работни униформи за кочанските пожарникари

Општина Кочани ја повтори постапката за јавна набавка на нови зимски работни униформи за пожарникарите од Територијалната противпожарна единица – Кочани, откако на претходно објавениот јавен повик не била добиена прифатлива понуда за реализација на набавката.

Според спецификацијата сите пожарникари треба да добијат зимски јакни, панталони, капи, ракавици, блузи, ремени  и едноделни комбинезони како и соодветни обувки за работа во зимски услови. За оваа набавка од општинскиот Буџет е предивдено да се издвојат над 400 илјади денари за обезбедување на новата зимска работна униформа.

Фирмата добавувач потребно е да ги обезбеди униформите и истите да имаат одреден степен на заштита, односно висока топлинска издржливост и извесен степен на водоотпорност.

Јавната набавка е веќе објавена, а заинтересираните фирми можат да се достават понуда заклучно со 30 декември. Доколку на јавниот повик се добие прифатлива понуда тогаш добавувачот е должен работните униформи да ги испорача во рок од два месеца.

И. Матеничарски

Сподели: