Реакција на група корисници на јавна прометна површина во Кочани:
„Во последните неколку месеци актуелни се низата покачувања на основните прехрамбени продукти, нафтени деривати, струја и други работи.
Во последниве два три месеци кога најголем ценовен шок на компаниите им се зададе преку покачувањето на струјата каде во некои компании е покачена за 3-4 па и 5 пати сметката за струја, каде со со сите сили гледаат да го задржат бројот на вработените но и да си ги подмират давачките кон државата и кон добавувачите.
Во моменти кога наголемо се бара државата да им помогне на фирмите преку одредени мерки за помош на компаниите во ек на голема економска криза, Општина Кочани им зададе еден неочекуван дополнителен финансиски удар на кочанските фирми.
Имено станува збор за враќање на старата цена од 10 денари за м2 за сите оние кои плаќаат јавна прометна површина. За време на почетокот од Корона пандемијата беше донесена одлука од претходниот состав на советот со која како помош на кочанските фирми им беше намалена цената од 10 на 5 денари за м2 од ден, мерка која тогаш наиде на големо одобрување кај фирмите бидејки претставуваше единствената помош која општината можеше да ја овозможи на компаниите тогаш, но одлуката требаше да важи се додека траеше Корона Пандемијата!
За жал без никаква најава на почетокот на месец октомври корисниците на ЈПП без затекнати со враќањето на старата цена! Во општината има правни субјекти кои за оваа намена плаќаат и по 10-20-30 или 40.000 денари и враќањето на старата цена значеше и удвојување на таа давачка! Која е причината за укинување на оваа одлука донесена на совет во време додека сеуште трае Корона Пандемијата но и целата оваа економска криза никој не знае!!!
Но секако е уште еден огромен удар за кочанските фирми во овие тешки времиња!“
Група корисници на јавна прометна површина