Општина Кочани започна со пролетното озеленување на јавните површини

Општина Кочани започна со акцијата за засадување на високо квалитетни повеќегодишни садници во централните делови на градот.

Во текот на месецот беа засадени стотина садници, а денеска дваесеттина од видот Robinia pseudoacacia „Umbraculifera“ во централните градски делови.

Општина Кочани ќе проложи и во наредниот период со ваквите активности за разеленување кои се од корист за животната средина и амбиенталниот воздух. Воедно се апелира до граѓаните грижливо да се однесуваат кон новите садници и животната средина.

Сподели: