Општина Кочани и КПС „Осоговски орел“ потпишаа меморандум за соработка

Во пресрет на реализацијата на општинските програмски активности, денеска градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и претседателот на неодамна формираниот Клуб за планинарски спортови „Осоговски орел“, Гоце Тошев, потпишаа меморандум за соработка.

Документот ги дефинира формите на соработка, меѓу кои се: организирање акции и натпревари во различни дисциплини; грижа за заштитата на животната средина; развој и унапредување на планинарството, велосипедизмот и планинското трчање, афирмација на природните потенцијали.

На средбата се разговараше за двете претстојни активности, кои КПС „Осоговски орел“ и Општина Кочани ќе ги реализираат заеднички. За 13 април е закажан настанот „Пешачењето е здравје“, чија цел е да ја промовира физичката активност како фактор за добро здравје, а по иницијатива на КПС „Осоговски орел“, по повод 22 Април – Денот на планетата Земја, во соработка со Општина Кочани ќе се реализира и екоакција на потегот Бавчалук – Гратче.

Сподели: