Целосно е локализиран и е ставен под контрола пожарот што избувна вчера околу 13 ч. во близина на кочанското село Бели, а во текот на денот ветерот го рашири во неколку правци.
На одделни места во близина на селото Тркање од рано утринава сѐ уште се забележува чад од опожарениот шумски појас и нискостеблестата вегетација.
По извршената контрола утрово констатирано е дека нема опасност од негово повторно ширење, но на терен и понатаму ќе останат противпожарните единици.
Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев известува дека во тек е гасењето на пожарот во атарот на планинските села Костин Дол и Ново Село, каде гори дабова и букова шума. Хеликоптерите веќе дејствуваат на тој терен.