Општина Кочани обезбеди дополнителни средства за третман на отпадни води

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорката на Швајцарската Конфедерација Сибил Сутер Тејадаи директорот на ЈП Солидарност од Виница Александар Трајков, во Скопје го потпишаа анексот на проектниот договор за Пречистителна станица за отпадни води во Кочани, со кој се обезбедени дополнителни средства затретманот на отпадни води во Кочани.       


Во рамките на овој анекс, со дополнителни 2.375.000,00 швајцарски франци обезбедени од Швајцарската Конфедерација и 260.000,00 швајцарски франци, кофинансирање од Општина Кочани, ќе се поддржат мерките за подготовка на тендерската документација за приклучување на Виница и соседните села со Пречистителната станица во Кочани и рехабилитација на канализациската мрежа во Виница.

Исто така, со тие средства ќе се овозможи корпоративен развој на јавните комунални претпријатија во Кочани и Виница, ќе се развијат вештини за управување со отпадни води во претпријатијата и во инфраструктурната компонента ќе се реализираат приоритетни мерки за рехабилитација на канализацискиот систем во Кочани и селата Оризари и Тркање.         


Со анексот, вкупната вредност на проектот изнесува 25.570.400,00 швајцарски франци, а периодот за имплементација е од 2020г. до2021 година.

Сподели: