Општина Кочани објави повик за ангажирање на лица за достава на акти во градот и населените места

Општина Кочани распиша јавна објава за ангажирање на 20 лица за вршење на работи – достава на акти на подрачјето на општина Кочани под договор на дело.

Лицата кои ќе бидат ангажирани  за достава на акти, ќе вршат достава на Решенија за забрана за користење на средства, данок на имот за физички и правни лица, решенија за комунална такса за физички и правни лица и опомени за данок на имот или комунална такса.

Ангажираните лица доставата ќе треба да ја извршуваат на територијата на општина Кочани, во градот и населените места, односно Општината ќе исплати паричен надоместок во износ од 20 денари за извршена достава на горенаведените акти. Со секое лице ќе се склучи посебен договор во согласност со Законот за облигациони односи.

Минимум критериуми и потребни документи за пријавување:

  • Пријава за јавна објава, со лични квалификации, адреса и телефон за контакт
  • Лицата кои се пријавуваат да имаат завршено минимум средно образование

Јавната објава трае 10 дена од денот на објавувањето, односно од 26.01 до 04.02.2022 година.

Пријавите и документацијата се доставуваат до Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или по пошта на адреса “Раде Кратовче” бр.1, 2300 Кочани, Р. Македонија

Линк до објавата со клик ОВДЕ.

Сподели: