Општина Кочани организира акција за пошумување во месноста Пресечена скала

В петок, 18 декември 2020 година од 12 ч. Општина Кочани во соработка со Национални шуми ќе реализира акција за пошумување.

Во акцијата ќе учествуваат вработените во општинската администрација, а поканети се и членовите на Советот на Општина Кочани.

Пошумувањето ќе се изведе во месноста Пресечена Скала, над Фабриката за вода, каде се планира да се засадат околу 2 илјади садници бор и багрем.

Акцијата за пошумување на овој потег претставува дел од континуираните напори на Општина Кочани за подобрување на зелената маса, но истовремено и за намалување на просторот за создавање диви депонии.

Сподели: