Општина Кочани отуѓува 15 парцели државно градежно земјиште

Општина Кочани ја распиша 37. објава за отуѓување градежно земјиште во државна сопственост, со која се ставени на продажба 15 градежни парцели, од кои 14 со намена индивидуално домување и една парцела за лесна индустрија.

Од парцелите за индивидуално домување шест се наоѓаат на улицата „Февруарски поход“, по три на улиците „Митко Тодоров“ и „Пиринска“ и две на  улицата „Смилевски конгрес“. Површините се движат од 177 до 470 м2.

Парцелата со намена за лесна индустрија и производство се наоѓа на улицата „Украинска“ и е со површина од 1493 м2.

Рокот за пријавување за учество во електронското јавно наддавање за градежните парцели за индивидуално домување е до 24 април 2023 г., а јавното наддавање ќе се одржи на 26 април. За парцелата со намена за лесна индустрија и производство, рокот за пријавување е до 8 мај, а јавното наддавање е на 10 мај.

Почетната цена за сите градежни парцели е 61 денар за метар квадратен.

Целосната објава за продажба на градежно земјиште во државна сопственост е поставена на огласната табла во дворот на општинската зграда и е објавена на веб-страницата на Општина Кочани: https://kocani.gov.mk/wp-content/uploads/2023/04/Objava-37.pdf

Сподели: