Со оглед на постојаното зголемување на бројот на заразени од Ковид-19, сакаме повторно да ве повикаме на одговорно и совесно однесување за почитување на мерките за заштита од коронавирусот.
Носете заштитни маски, дезинфицирајте ги рацете, држете растојание на јавните површини и придржувајте се кон сите мерки пропишани од надлежните институции. Само така ќе може да ѝ се спротивставиме на заразата.
Бидете одговорни кон своето и кон јавното здравје! Од сите нас зависи!
Општина Кочани