Општина Кочани со најголем буџет во 2021 година!


Почитувани сограѓани,
Денес, на 50-тата седница на Советот на Општина Кочани го усвоивме предлог-буџетот на Општината за 2021 година.
Општина Кочани го донесе, досега најголемиот буџет од 312 милиони денари, базиран на капитални расходи од 190 милиони денари и истиот е за 70% повисок во споредба со 2020 година.
Ова е рекорден буџет за општината во нејзината историја, јасен показател за доброто менаџирање на приходната страна.
Ова е буџет во кој зголемувањето се засновува на пораст на капиталните инвестиции за разлика од тековно оперативните расходи кои остануваат на исто ниво.
Како и досега, општината продолжува со домаќинското работење, кое резултира со ликвидност како никогаш до сега и редовно плаќање на сите обврски.
2021 година ќе биде година на капитална експанзија. Следејќи ги барањата на граѓаните преку Месните и Урбаните Заедници, ќе се градат булевари со кружни текови, ќе се изградат и реконструираат повеќе од 30 улици во градот и населените места, водејќи се по принципот на рамномерен локален развој!
Ќе се гради во секое село согласно потребите. Конечно, во с.Тркање ќе се реши и проблемот со канализацијата!
Во целост ќе се реконструра паркот во централното градско подрачје!
Се инвестира во културата, во образованието, во спортот и се решаваат и проблеми во делот на социјалата!
Во пресрет на празниците би сакале да им ја честитаме Новата година на сите граѓани и во периодот кој претстои да празнуваме одговорно, да се грижиме за сопственото здравје, за здравјето на блиските, за јавното здравје и да ги поддржиме сите кои се на првата линија во борбата со корона вирусот.

Советничка група предводена од СДСМ
Совет на Општина Кочани

Сподели: