Општина Кочани ја подобрува патната земјоделска инфраструктура

Во тек е изградбата на земјоделски патишта во Кочанско. Претпријатието „Калина“ од Оризари, како избран изведувач, работи на порамнување, тампонирање, подобрување на тлото и изградба на пропусти на 14 км полски патишта на подрачјето на општина Кочани.

Земјоделски патишта се градат во катастарските општини Кочани и Оризари, односно во Грдовци, Горни Подлог, Долни Подлог, Мојанци и на неколки локации во Прибачево и во Тркање.

– Целта ни е да ја олесниме работата на земјоделците. Поддршката во подобрувањето на земјоделската инфраструктура во Кочани е една од мерките на единицата на локалната самоуправа со која се создаваат услови за полесна и побезбедна работа на земјоделските производители. Можноста за полесен транспорт ќе придонесе да се намали и палењето на жетвените остатоци. На овој начин помогнеме во надминувањето на проблемите при собирањето на сламата, а со тоа ќе придонесеме зачувување на животната средина – соопшти Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

За изградбата на 14 км земјоделски патишта се наменети 2.419.012 денари од Буџетот на Општина Кочани.

Сподели: