Општина Кочани ќе донира финансиски средства за збратимениот украински град Перејаслав Хмељницки, апел до граѓаните и компаниите од Кочани да се вклучат во хуманитарната акција

Соопштение на Општина Кочани:

„Општина  Кочани во соработка со Црвен крст на РСМ – Општинска организација  Кочани, организира хуманитарна акција за собирање финансиски средства за настраданите во Р. Украина.

Целта на акацијата е да им се помогне на настраданите семејства во Украина, но превенствено да покажеме како општина добра волја и за Општина Перејаслав Хмељницки, како една од збратимените општини на Кочани.

Општина Кочани за таа цел самата ќе издвои средства од Буџетот на општината, но очекуваме и вклучување пред сè на бизнис-секторот од Кочани.

Намерата да се спроведе хуманитарна акција за донација на прехранбени продукти и средства за хигиена, засега е невозможна за транспорт, поради што остана опцијата за донација  во  парични средства.

Се обраќаме со апел до сите граѓани и сите фирми од општина Кочани да се вклучат во акцијата и да помогнат на нашите браќа во Украина. Штетите таму се големи, а со тоа  и помошта  е повеќе од потребна.

Црвен крст на Република Северна Македонија, има формирано Солидарен фонд за помош токму за загрозените жители на Украина, каде можат да се уплатат Вашите донации. Собраните средства директно ќе бидат уплатени во организациите на Црвен крст во Украина и распределени во прилог на настраданите„, стои во соопштението на Општина Кочани.

 Донациите можете да ги уплатувате на следната сметка:

Фонд за солидарност на Црвен крст на Република Северна Македонија

Жиро-сметка:300000001327966

Даночен број: 403098427 1620

АД Комерцијална банка

Сподели: