Општина Чешиново-Облешево набави ново службено возило марка „ Skoda Fabia“, за потребите на општинската администрација и јавното комунално претпријатие.
Во присувство на претставник од Министерството за финансии и градоначалникот на Општината Горанчо Крстев , денеска во Облешево се изврши примопредавање на возилото, кое според тендерската постапка чини 637 288 денари.
Средствата за набавка на возилото се обезбедени преку јавниот повик на Министерството за финасии , проект за подобрување на општинските услуги, со грант од Светска банка. Преку истиот повик Општината набави и трактор со приколка и косилка за трева.
Од Општината информираат дека потребата за набавка на ново возило се должи на тоа што располагаат само со едно службено патничко возило, кое поради дотраеност и амортизација често е во дефект.
И.Матеничарски
