Општинската администрација оддаде последна почит на архитектот Александар Гицов

Колегите, најблиските соработници и пријателите му оддадоа последна почит на архитектот Александар Гицов, кој дел од својот работен век го помина во Општина Кочани.

Градот и граѓаните изгубија човек, драг пријател, голем стручњак, уметник и педагог.

Александар Гицов како архитект остави значаен белег во Кочани. Неговите стручни и уметнички способности беа препознаени и одликувани со многу меѓународни награди, меѓу кои е наградата за најдобар млад архитект, во Белград, во средината на осумдесеттите години на минатиот век.
Творечкиот и пријателскиот дух на Гицов вечно ќе се во Кочани, бидејќи тој остави доволно секој од нас да се потсетува на него, по домот во кој живее, уметничкото дело што го има, по знаењето што како педагог безрезервно му го пренел.
Кочани ќе го памети по неуморната ведрина и ентузијам што ги делеше со секого!


Вечна му слава! Нека почива во мир!

Општина Кочани

Сподели: