Општинскиот Црвен крст со низа активности го одбележа 17 Март, Денот на формирањето на Црвен крст и Денот на крводарителството во Македонија

Општинската организација на Црвен крст – Кочани со низа активности го одбележа 17 Март, Денот на формирањето на Црвен крст на Р. Македонија и Денот на крводарителството.

Претсавници од општинскот Црвен крст, повеќекратни крводарители и волонтери  денеска остварија средба со градоначалниците на Кочани и Зрновци, додека во рамки на чествувањето, млади волонтери од Клубот на млади во Градскиот трговски центар организираа отворен ден за граѓанството.

На средбата со градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов беа истакнати заложбите на организацијата и локалната самоуправа за меѓусебна соработка и унапредување на крводарителството во општината. Согласно тоа, начелно е договорено во блиска иднина, Црвен крст – Кочани и локалната самоуправа да организираат заедничка крводарителска акција за вработените во локалните институции и граѓанството.

Крводарители од Зрновци остварија прием и кај градоначалиникот на Зрновци, Борчо Коцев. На приемот беа истакнати заложбите за организирање на крводарителска акција во општината и тоа за 7 април, Светскиот ден на здравјето. Притоа градоначалникот Коцев, упати огормна благодарност кон крводарителите, искажувајки ја поддршката за нивната благородна и хумана мисија.

Младите волонтери од училишните клубови на Црвен крст, по повод празнувањето организираа отвоен ден за граѓаните. На пункт во Градскиот трговски центар, волонтерите на случајните минувачи, на иновативен начин ги запознаваа со работењето на организацијата, а воедно прикажуваа и техники за давање на прва помош на заинтересираните граѓани.

Прием на крводарители по повод празнувањето на 17 Март е закажан и за утре, во Општина Чешиново-Облешево.

Црвениот крст на Република Македонија е формиран на 17 март 1945 година. Денес Црвениот крст на Македонија претставува една од најголемите хуманитарни организации во државата со 77 години активно хуманитарно делување во Македонија.

И. Матеничарски

Сподели: