Оризопроизводителите утре ќе го блокираат патот Штип-Кочани

Решавање на проблемите со кои се соочуваат оризопроизводителите барат средби со надлежните. За утре најавија и протест со кој ќе го блокираат патот Штип-Кочани .

Причината за протестот е исплатата на субвенциите. Оризопроизводителите бараат таа да се исплати пред да почне сеидбата, а дел од барањата се и повисоки цени за откупот на оризовата арпа и белиот ориз, но побараа и навремено чистење на каналите и пуштање на водата за наводнување.

Од друга страна, премиерот им одговори дека е запознаен со нивното незадоволсто но и дека се работи на проблемот за исплата на субвенциите.

Доколку не се најде компромис за овој проблем, производителите на ориз се закануваат со блокирање на  патот Штип-Кочани секој втор ден.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial