Во пресрет на христијанскиот празник Св. Јован Крстител утре во Кочани по завршување на манифестацијата по повод верскиот празник Водици ќе биде осветен параклисот посветен на христијанскиот светец Јован Крстител.

Малата црквичка е лоциран на паркингот помеѓу новиот комплекс згради позади поштата во Кочани чииј ктитор е стопанственикот Горги Горгиевски и компанијата Деликатес-Кочани.
Чинот на осветување ќе го изврши Митрополитот Брегалнички Иларион во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија од кочанското архиерејско намесништво.
И.Матеничарски
