Осма вечер на македонскиот афоризам „Кочани 2020“

Вчера, 19.09.2020.г, во кафе бар „Рокси“ во Трговскиот центар во Кочани, се одржа Осмата вечер на македонскиот афоризам „Кочани 2020“.

Организатор, како и секогаш, беше ЗГ „Афористичка репрезентација на Македонија“ од Кочани, овој пат под покровителство на општина Кочани и во склоп на репертоарот на ДАФ.

На манифестацијата учествуваа афористичарите: Ристо Филчевски и Ацо Ѓорѓиев од Струмица, Марјан Анѓеловски од Скопје, Атанас Крлевски од Велес и домаќините Ружа Стојмилова, Ванчо Арсов и Јане Атанасов.

Беа доделени и наградите од конкурсот за афоризам на тема „Живот и смрт“. Жири комисијата во состав: Марјан Анѓеловски – претседател и Доне Донев и Димитар Илиев – Вилазорски – членови, Првата награда му ја додели на Љупчо Силјновски од Скопје, Втората на Ацо Ѓорѓиев од Струмица и Третата на Јане Атанасов од Кочани, а Витомир Долински од Струга доби Пофалница.

За посебен придонес за развој и афирмација на хуморот и сатирата, на Ристо Филчевски од Струмица му беше доделена Специјалната плакета.

Публиката, повеќе од еден час, уживаше во најновите афоризми на присутните автори, често наградувајќи ги со бурни аплаузи и овации.

Афористичка репрезентација на Македонија

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial