Осмомартовска акција на Интеракт клубот Кочани-Виница

Празникот на жената 8-ми Март, Интеракт клуб Кочани-Виница го одбележа со осмомартовска акција во болницата во Кочани. Младите ротаријанци подаруваа цвеќиња на персоналот и пацинетите, а воедно им го честитаа денешниот празник со осмомартовски желби.

За реализација на оваа акција со донации помогнаа цвеќарницата „Флора“, сметководственото биро „Настевски ЛБ“ со поддршка од клуб „Ротари“.

Со овој гест членовите на Интеракт клубот Кочани-Виница пријатно ги изненадија персоналот и пациентите во кочанската болница.

И.Матеничарски

Сподели: