Едночасовен музички концерт под наслов „За нашите мајки“ изведоа учениците и наставниците од кочанското основно музичко училиште „Ристо Јуруков“ – Кочани.


Во пресрет на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, пред преполната сала во Мултикултурниот центар во Кочани музичарите се претставија со 23 вокално и инструментални музички точки од познати светски композитори.

Настапија ученици од класите на професорите по пијано, флејта, виолина, гитара, хармоника и традициски инструменти како и заедничка точка со хорот на кочанското музичко училиште.

Празничниот концерт се реализира третта година по ред посветен на сите мајки. Музичкиот настап на музичарите предизвика големо внимание кај публиката која со силен аплаус ги поддржуваше младите таленти.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов




