Учениците и наставниците од ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани денеска го реализираа најавениот Осмомартовски базар во пресрет на Меѓународниот ден на жената, 8 – ми Март.

На базарот кој беше од продажен карактер беа изложени рачни изработки креирани на заеднички креативни работилници на учениците, родителите и наставниците од кочанското основно училиште.

– Базарот по повод Денот на жената го организираме за прв пат годинава и наиде на позитивни реакции и посетеност. Базарот е од продажен карактер, а изработените рачни изработки се создадени од вештите раце на учениците, родителите и наставниците на заеднички креативни работилници. Ја користам приликата да се заблагодарам на сите вклуечени во реализација на Осмомартовскиот базар на можности и воедно да го честитам Меѓународниот ден на жената на сите припаднички на понежниот пол, истакна Благој Петров, директор на ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани.
Собраните средства од Осмомартовскиот базар ќе бидат искористени за помош на ученици од социјален ризик од училиштето и за организација на паторниот празник што наближува.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов


