Основниот суд во Кочани ги отвори вратите за граѓаните по повод Европскиот ден на граѓанската правда

По повод Европскиот ден на граѓанската правда, 25 Октомври, Основниот суд во Кочани организираше отворен ден за граѓаните со цел одблизу да се запознаат со работата на судот, судиите и судската администрација.

Во рамки на активностите за одбележување на денот, беше остварена работна средба со нотарите од подрачјето на Основниот суд како и со ученици од гимназијата „Љупчо Сантов“.

-По повод Европскиот ден на правдата, Основниот суд во Кочани спроведе низа на активности за одбележување на денот. Остваривмме средба со нотарите од подрачјето на основнито суд, разменивме искуства и споделивме проблеми со кои нотарите се среќаваат, а имавме и средба со учениците од гимназијата „Љупчо Сантов“. Учениците одблиску се запонзаат со работата на судот, а отворениот ден е можност сите заинтересирани граѓани да нѐ посетат и да се запознаат со нашата работа, истакна Сузана Милевска, претседател на Основниот суд во Кочани.

Отворениот ден за посета на судот им овозможува на граѓаните да дојдат во судската зграда и директно да се запознаат со работата на судот и начинот на спроведување на судската власт. Организирањето на отворениот ден е со намера да се обезбеди јавност и транспарентност  во работењето на судовите низ државата.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: