„Осогово“ во поход за нови три бода

Викендов се играат натпреварите од 8-то коло од Втората Македонска фудбалска лига – Исток.

ГФК„Осогово“ патува за Македонска Каменица, на гости кај екипата на „Каменица Саса“, во дуел  кој ќе биде добра шанса за „жолто-сините“ да ја продолжат низата од  четири натпревари без пораз во првенството.

„Осогово“ и „Каменица Саса“  имаат исто бодовно салдо на табелата, но поради подобрата гол разлика каменичани се место пред „жетварите“. Гостувањето во Македонска Каменица ќе биде тешко, но мора да се покаже одлучност и континуитет во играта , бидејки „Осогово“ по гостувањето во Каменица во ова коло, следните три средби ги игра на домашен терен, а резултатие од истите можеби ќе бидат пресудни за текот на првенството и опстанокот на „Осогово“ во Втората Македонска фудбалска Лига-Исток.

Натпреварот е закажан за в сабота 17.10  со почеток од 14:30ч на Градскиот стадион во Македонска Каменица.

На останатите средби во рамки на Втората Македонска фудбалска лига-Исток ќе се сретнат :

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial