ГФК„Осогово“ в недела на „Никола Мантов“ го пречекува новиот второлигаш „Братство 07“ од прилепското село Житоше, на натпреварот во рамки на 3-тото коло од Втората Македонска фудбалска лига-Исток.
Првично натпреварите од ВМФЛ – Исток беа закажани за в сабота, 11 септември, но поради трагедијата во Тетово и прогласувањето на денови на национална жалост, сите средби се преместени за в недела, 12-ти септември со почеток од 16 ч.
По двете одиграни кола од ВМФЛ-Исток, „Осогово“ забележа два порази, и тоа, во првото коло на домашен терен од тимот на „Каменица Саса“ (1-4), а во второто коло на гостински терен на локалното дерби од „Слога“ Виница (0-1).
Во 3-тото коло во ВМФЛ-Исток ќе се сретнат:
Од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопштија дека натпреварите ќе започнат со едноминутно молчење со што ќе им биде оддадена почест на жртвите од големата трагедија во Тетово.
Табела: