Во рамки на 13-тото коло во Втората македонска фудбалска лига, во сабота од 13:00ч на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, Осогово е домаќин на екипата „КИТ-ГО“ од Пехчево.
Иако пехчевци се сметаат за фаворити во дуелот, сепак „жолто сините“ имаат можност пред кочанската публика да го докажат сосема спротивното.
До крајот на есенскиот дел на натпреварувњето останува уште едно гостување на Осогово , што значи дека ова е последната шанса да се покажат во најодбро светло пред домашната публика.
На останатите натпревари од второлигашката конкуренција силите ќе ги измерат:
ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 – ФК КАМЕНИЦА САСА
ФК ПИТУ ГУЛИ – ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци
ФК ПЛАЧКОВИЦА – ФК ПОБЕДА
ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – ФК БЕЛАСИЦА