Се одиграа натпреварите од 5-тото коло од Втората Македонска фудбалска лига – Исток.
ГФК „Осогово“ доживеа вистински дебакл на гостувањето во Прилеп од екипата на „Победа“ откако загуби со резултат од 6-0 во корист на прилепчани.
По само осум минути игра на натпреварот резултатот беше 3-0 во корист на прилепска „Победа“. Во раната фаза стрелаа Бојан Спиркоски, Антонио Бошески и Петар Најдов. До паузата резултатот беше зголемен на 4-0, а точка на натпреварот прилепчани ставија со два гола во продолжението. Во листата на стрелци се запишаа уште Бојан Спиркоски и Давид Јошески.
Со поразот во Прилеп, „Осогово“ се наоѓа на претпоследната деветта позиција од ВМФЛ – Исток и од пет одиграни средби има учинок од три порази, една победа и еден нерешен резултат.
На останатите средби беа постигнати следниве резултати:
Во следното коло, „Осогово“ на домашен терен ја пречекува екипата на „Детонит Јуниор“ од Радовиш.
Табела:
- КАМЕНИЦА САСА 13
- СЛОГА (В) 12
- ПОБЕДА 10
- БЕЛАСИЦА 10
- КИТ ГО 9
- КОЖУФ 4
- ТИМ ЛОКОМОТИВА 4
- ДЕТОНИТ 4
- ОСОГОВО 4
- БРАТСТВО 1