ГФК „Осогово“ со убедлива победа од 7:1 над тимот на „Росоман“ го заврши есенскиот дел од шампионатот, на гостувањето во рамки на 16-тото коло во Втората фудбалска лига – Исток.
Добрата игра и пожртвуваноста на теренот на крајот од мечот резултираа со седум погодoци во противничката мрежа.
Натпреварот го отвори Стојанчо Велинов кој во 2’ постигна гол за 0-1, а за конечни 0-2 на полувреме, во 22’ стрелаше Неданоски.
На почетокот на вториот дел, во 50’ домаќините од пенал намалија на 1-2 со голот на Златевски, а по овој гол, за домашните фудбалери следуваше вистински дебакал на стадионот во Росоман.
Голеадата за „Осогово“ ја започна Паунов, кој во 56’стрелаше за 1-3, а по него, во 61’ повторно Неданоски, во 63’ Далчески, во 67’ по втор пат Велинов, за во 73’ Буши да го постави конечниот резултат од 1-7 за „жолто-сините”.
Натпреварот во Росоман е најубедливата победа на „Осогово“ во првиот дел од сезоната.
Денешните дуели беа последни од есенскиот дел на првенството во ВМФЛ – Исток, по кои екипите заминаа на пауза.
Почетокот на пролетниот дел од првенството е закажан за 27 февруари 2021 година.
На останатите средби беа постигнати следниве резултати:
„Кит-Го“ – „Плачковица“ 5-1
„Каменица Саса“ – „Кожуф“ 3-1
„Победа“ – „Тиквеш“ 0-0
„Слога 1934“ – „Брегалница“ 1-3
Табела:
1.БРЕГАЛНИЦА 42
2.ТИКВЕШ 35
3.КОЖУФ 25
4.КИТ ГО 22
5.СЛОГА (В) 20
6. КАМЕНИЦА САСА 20
7.ОСОГОВО 19
8.ПОБЕДА 14
9.ПЛАЧКОВИЦА 11
10.РОСОМАН 8
И. Матеничарски
Фото: Архива „Осогово“