Екипите на Осогово и Кожув одиграа реми од по еден гол (1-1) во Кочани, на дуел од подготвителниот период.
Гевгеличани први го пронајдоа патот кон мрежата и во првото полувреме поведоа со 0-1. Стрелец на голот беше Томица Петров, кој погоди на асистенција од Андреј Јаневски. Сепак, Осогово во второто полувреме се врати и израмни преку Христијан Крклински, кој стрелаше по прецизното проигрување на Стојанче Велинов.
Осогово досега во тест-дуелите загуби од Академија Пандев и Беласица, а славеше против Кит Го, додека Кожув триумфираше против Победа, ремизираше со „пандевци“ и беше декласиран од Беласица.