„Осогово“ и „Слога 1934“ ремизираа на „Никола Мантов“

Со резултат од 1-1 и речиси изедначена игра на терен, „Осогово“ и „Слога 1934“ ги поделија бодовите, во рамки на 5-тото коло од Втората Македонска фудбалска лига-Исток.

Дуелот на „Никола Мантов“ започна неславно за „жолто-сините“ бидејки  напаѓачот Драган Паунов заработи црвен картон уште во втората минута од натпреварот. Само неколку минути подоцна, судијата покажа уште еден црвен картон, но овојпат на спротивната страна. Андреј Коцевски од „Слога“ за неполна минута доби два жолти картони, по што мечот го заврши порано, а силите на зелениот терен се изедначија.

Натпреварот го отворија виничани пред крајот на првото полувреме, кога во 38 минута Бојан Иванов стрелаше за 0-1, резултат со кој двата тима заминаа на полувреме.

Во вториот дел на натпреварот по неколку неупешни напади, Илија Далчески од „Осогово“ по нафрлување од корнер успеа да постигне гол за конечен резултат од 1-1.

Во следното коло „Осогово“ гостува во Прилеп кај „Победа“.

На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати:

РЕЗУЛТАТИ – 5.КОЛО

КАМЕНИЦА САСА – КИТ ГО 2:3

ПЛАЧКОВИЦА – РОСОМАН 3:0

КОЖУФ – ПОБЕДА 2:1

ОСОГОВО – СЛОГА ВИНИЦА 1:1

ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА 1:1

Табела:

1. ТИКВЕШ 11

2. БРЕГАЛНИЦА 11

3. СЛОГА В 8

4. КОЖУФ 8

5. ПОБЕДА 7

6. РОСОМАН 7

7.КИТ ГО 5

8. ПЛАЧКОВИЦА 4

9. САСА 3

10. ОСОГОВО 3

И.Матеничарски