„Осогово“ немоќен во Кавадарци

Се одиграа натпреварите од 23-тото коло од Втората Македонска фудбалска лига – Исток.

Фудбалерите на ГФК „Осогово“ забележаа убедилив пораз од 3-0, на гостувањето во Кавадарци, против тимот на „Тиквеш“.

Христов од ГФК „Тиквеш“ во 6′ од пенал го постигна првиот гол за кавадарчани, а истиот фудбалер во 72′ по нов прецизен удар од единаесет метри зголеми на 2-0, додека конечниот резултат го постави Костов во 79′ за 3-0.

„Осогово“ имаше можност да го намали поразот од пенал во 75′, но Неданоски стрелаше во стативата.

Во следното коло тимот на „Осогово“ на домашен терен ја пречекува првопласираната екипа на „Брегалница“ – Штип.

На останатите средби беа постигнати следниве резултати:

Табела:

Сподели: