„Осогово“ поразен во Пехчево

ГФК „Осогово“ го забележа вториот пораз во рамки на подготовките за пролетниот дел од првенството во Втората Македонска фудбалска лига – Исток.

На гостувањето во Пехчево, против тимот на „Кит-Го“, фудбалерите на „Осогово“  загубија со резултат од 0:1 (0:0). Стрелец на единствениот погодок за пехчевци беше Бошко Ступиќ кој во 62’  постигна гол за победа.

Во претежно изедначена игра, дуелот беше можност за двајцата стретези да испробаат повеќе комбинации и тактики во пресрет на почетокот на првенството.

Следниот подготвителен натпревар на „Осогово“ е закажан за 13-ти февруари (недела) против тимот на ФК „Тиквеш“ – Кавадарци.

Сподели: