Во првото коло од Втората Македонска фудбалска лига –Исток , ГФК“Осогово“ го забележа и првиот пораз од екипата на „Кожув“ Гевгелија.
Домаќините до победа стигнаа во второто полувреме, каде најпрвин од пенал во 56’ поведоа со 1:0, а за помалку од десет минути во 65’ од слободен удар постигнаа уште еден гол за конечен резултат од 2:0.
Финишот на натпреварот го одбележа и мал инцидент.
По еден прекршок на средината на теренот, двајца играчи од различен табор влегоа во вербален дуел. Членот на „Кожуф“ не чекаше многу, па со главата го потчукна ривалот од „Осогово“
За ударот со глава, играчот на „Кожуф“ доби жолт картон.
Од „Осогово“ се револтирани и велат дека за ваков инцидент, во „нормални лиги“ се добива црвен картон.
Инцидентите во второлигашките шампионати се честа појава, посебно пред финишот, кога на една од екипите ѝ „гори“ под нозете.
Резултати од првото коло:
„Кожуф“ – „Осогово“ 2:0 (0:0)
„Росоман“ – „Слога 1934“ 2:1 (2:1)
„Каменица Саса“ – „Брегалница“ 0:1 (0:1)
„Победа“ – „Кит Го“ 4:1 (4:0)
„Плачковица“ – „Тиквеш“ 0:1 (0:0).
Во второто коло „Осогово“ му гостува на „Кит Го“ во Пехчево.