„Осогово“ поразен на „Никола Мантов“

Се одиграа натпреварите од 14-тото коло од Втората Македонска фудбалска лига – Исток.

ГФК „Осогово“ забележа пораз на домашен терен од екипата на прилепска „Победа“ со резултат од  1-3.

Натпреварот во Кочани тргна со ран погодок за водство на „Победа“, а стрелец беше Давид Јошески за 0-1 на полувреме. Во вториот дел од средбата Тоше Манов донесе израмнување за „Осогово“ за 1-1. Гостите потоа  со стрелаа во 61. и 63. минута преку Стомнаровски и Спиркоски  и дојдоа до победата и конечен резултат од 1-3 во нивна корист.

Во следното, последно коло од есенскиот дел од шампионатот, „Осогово“ гостува кај тимот на „Детонит Јуниор“ од Радовиш.

На останатите средби беа постигнати следниве резултати:

Табела:

Сподели: