„Осогово“ поразен од „Брегалница“ на првата контролна средба од подготовките

Пораз за фудбалерите на ГФК „Осогово“ од штипска „Брегалница“  1-2 (0-2)  на првиот контролен дуел во пресрет на пролетниот дел од првенството во Втората Македонска лига – Исток.

На стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, ФК „Брегалница беше подобар противник и триумфираше со головите на Андреј Кудијан во 15′ и 30′ минута од натпреварот. ГФК „Осогово“ во самиот финиш на натпреварот успеа да го намали водството на штипските „сини“ на 1:2 со голот на Недановски.

Во пресрет на продолжението од сезоната ќе бидат одиграни уште три контролни средби против Кит-го (6-ти февруари), Тиквеш (13-ти февруари) и Брегалница Делчево (20-ти февруари).

Пролетната полусезона во Втората Македонска фудбалска лига започнува на 27 февруари.

Сподели: